Злато, сребро и бронза за Швајцарија во иста дисциплина

Швајцарската велосипедистка Јоланда Неф освои златен медал во ридски велосипедизам на Олимписките игри во Токио.
Таа ја совлада патеката за 1:15:46 и славеше пред сонародничките Сине Фреј и Линда Индерганд.
Тие две се обидоа да ја стигнат Неф, но немаа шанси, па се бореа за среброто и бронзата.
Фреј, на крајот го освои среброто со заостанување од минута и 11 секунди зад победничката, а Индерганд освои бронза со време 1:17:05.