Жрепката за Светскиот одбојкарски куп ќе се одржи во рудник за сол


 Жрепката за Светскиот куп во одбојка во 2027 година во Полска ќе се одржи на 3 декември во рудникот за сол Вјеличка во близина на Краков, 125 метри под нивото на земјата.

Светскиот куп, што во минатото се играше под името Светското првенство, во 2027 година ќе се игра од 10 до 26 септември во Краков (Арена Таурон), Гдањск (Арена Ерго), Катовице (Арена Сподек), Лоѓ (Арена Атлас) и Олштин (Арена Уранија).

Краков ќе биде домаќин на полуфиналните натпревари и натпреварите за медали.

Пласман на Светскиот куп, врз основа на светската ранг-листа од 29 септември, изборија Полска, Италија, Франција, Финска, Словенија, Јапонија, Иран, Кореја, САД, Канада, Куба, Тунис, Камерун, Алжир, Бразил, Аргентина, Чиле, Бугарија, Германија, Украина, Белгија, Турција, Србија, Чешка, Грција, Романија, Холандија, Мексико, Порторико, Данска, Египет и Естонија.