Жичницата до Водно нема да работи во петок

ЈСП „Скопје“ извести дека во петок (22.09.2023 год), жичницата нема да работи поради редовен
годишен технички преглед.
Од сабота (23.09.2023 год) објектот ќе продолжи да работи вообичаено за овој период од
годината, односно од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од
долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.