Жени кои го променија светот: Клара Цеткин и Роза Луксембург


Не знаеме дали Клара Цеткин и нејзината пријателка Роза Луксембург ги замислувале жените во 21 век и нивната положба во општеството на овој начин, но на крајот на 19 и почетокот на 20 век воделе голема борба за она што денеска се подразбира.

Клара Цеткин, била ќерка на селски учител и цел живот жестоко се борела за правата на жените и работниците. Таа бараше еднакви плати за жените и мажите, се залагаше за правото на глас и општо подобрување на положбата на жената во општеството. Нејзин животен сопатник бил еврејскиот револуционер Осип Цеткин, а со него живеела во Париз. Таа никогаш не се омажила за него, но го променила своето моминско презиме од Ајснер во Цеткин. Имаа два сина.

По смртта на сопругот, со синовите кои имале само6 и 4 години, без средства за живот, се преселила во Штудгарт, каде што се вработила како уредничка на пролетерското женско списание „Еднаквост“.

Десет години по смртта на нејзиниот сопруг, таа се омажи за 18-години помладиот поет и сликар Фридрих Зундел. Таа ја продолжила борбата за подобрување на положбата на жената во општеството и сметаше дека бракот треба да се заснова на взаемна помош и надополнување, како и ослободување од стереотипната улога на половите во воспитувањето на децата.

Во Москва, таа го предводеше женскиот секретаријат на „Третата интернационала“, каде што побегна од нацистите во 1932 година. Починала половина година подоцна, на 76-годишна возраст, во замок недалеку од Москва. На нејзиниот погреб, во 1933 година, присуствувале повеќе од 600.000 луѓе, а нејзината урна се наоѓа во ѕидовите на Кремљ во Москва.

Нејзината пријателка Роза Луксембург е родена на 5 март 1871 година во семејство на полски Евреи. На 18-годишна возраст пристигнала во Цирих да студира право и економија, а набрзо била прогласена за најдобра студентка во Цирих. Беше исклучително политички активна, и покрај предрасудите поврзани со жените во политиката, и ги застапуваше принципите на социјализмот и социјалдемократијата. На 27-годишна возраст се омажила за Густав Либек и се здобила со германско државјанство, се преселила во Берлин, каде го напаѓаше германскиот милитаризам и империјализам преку разни написи во весниците. Три пати била во затвор, поради политички активности. Учествувала во неуспешната револуција во Берлин во јануари 1919 година, а со стотици други била заробена, мачена и убиена.

Нивната борба доведе до првиот празник на жената во 1909 година во САД. Овој датум потсетува и на пожарот во текстилна фабрика во Њујорк, во кој загинаа повеќе од сто жени. Се верува дека тие биле чувани во фабриката за да ги спречат да штрајкуваат со другите работници. Тогаш работниот ден траел десет часа.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Обединетите нации го прогласија 8 Март за  Меѓународен ден на жената во 1975 година. Во 1977 година, Генералното собрание на Обединетите нации ги покани земјите-членки да го прогласат 8 март за официјален празник на ОН за правата на жените и светскиот мир.

Оттогаш се одбележува секоја година од страна на ОН и поголемиот дел од светот, при што секоја година се одбележува на одредена тема или прашање во рамките на правата на жените.