Земјотрес во Мароко: Бројот на загинати над илјада, уништен историскиот град Маракеш

Епицентарот на земјотресот вил плитко во високите планинин Атлас. Жителите на на Маракеш, градовите и селата ја поминаа ноќта на улиците


 

Редок, силен земјотрес го погоди Мароко доцна во петокот навечер, при што загинаа стотици луѓе и беа оштетени згради од селата во планините Атлас до историскиот град Маракеш.

Бројот на жртвите, според министерството за надворешни работи се искачи на илјада, главно во Маракеш и пет провинции во близина на епицентарот на земјотресот. Уште 329 лица биле испратени во болници со повреди. Но тоа не е конечниот биланс.

Мароканската телевизија прикажа сцени од последиците, додека многумина останаа надвор плашејќи се од последователни потреси.

Вознемирените семејства стоеја на улиците или се сместија на тротоарот, некои носеа деца, ќебиња или други предмети.

Вработените во итната помош бараа преживеани во урнатините на зградите, а нивните рефлектирачки жолти елеци го осветлуваат ноќниот пејзаж.

Слики споделени на интернет покажуваат луѓе како трчаат и врескаат во близина на џамијата Кутубија од 12. век во Маракеш, една од најпознатите знаменитости на градот. Мароканските медиуми објавија дека џамијата претрпела штети, но обемот не е веднаш разјаснет. Нејзиното минаре од 69 метри е познато како „покривот на Маракеш“.

Мароканците објавија и видеа на кои се гледаат оштетени делови од познатите црвени ѕидови што го опкружуваат стариот град во Маракеш, место на светското наследство на УНЕСКО.

Поранешн царски град со скоро илјада години историја, Маракеш е преполн со палати, џамии, градини и раздвижени пазари од средновековната ера. Неговиот стар градски центар е опкружен со црвени земјени ѕидови и исполнет со згради изградени во црвен песочник, што на градот му го дал прекарот „црвениот град“. Тие ѕидови првпат биле поставени на почетокот на 12. век. Пред пандемијата на ковид, стариот град привлече речиси три милиони туристи во 2019 година.

Началникот на град во близина на епицентарот на земјотресот изјави за мароканскиот сајт „2М“ дека неколку домови во околните градови делумно или целосно се урнати, а на некои места се исклучени струјата и патиштата.

Абдерахим Аит Дауд, шеф на градот Талат Н’Јакуб, рече дека властите работат на расчистување на патиштата во провинцијата Ал Хауз за да овозможат премин за амбулантни возила и помош за погодените популации, но рече дека големите растојанија меѓу планинските села значат дека ќе биде потребно време да се научи степенот на штетата.

Епицентарот на земјотресот бил плитко во високите планини Атлас. Жителите на на Маракеш, градовите и селата околу него се на улица
Исплашените луѓе спиеја на улиците на Маракеш

Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот се заглавени со возила и блокирани со урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

Пораки за поддршка почнаа да се појавуваат од целиот свет во саботата. Германскиот канцелар Олаф Шолц објави сочувство на X, платформата порано позната како Твитер. Индискиот премиер Нарендра Моди, кој моментално е домаќин на самитот на Групата 20 на најголемите светски економии, напиша дека „Индија е подготвена да му понуди секаква можна помош на Мароко во ова тешко време“.

Портпаролот на ОН рече дека „Обединетите нации се подготвени да ѝ помогнат на владата на Мароко во нејзините напори да му помогне на погоденото население“.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала кога се случил во 23,11 часот со тресење кое траело десетина секунди. Американската агенција објави дека последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер се случил 19 минути подоцна.

Епицентарот на земјотресот во петокот беше во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хауз, приближно 70 километри јужно од Маракеш.

Минаретот на џамијата Кутубаија е заштитен знак на Маракеш

Епицентарот на земјотресот бил 18 километри под површината на Земјата, според америкланскиот институт, додека сеизмичката агенција на Мароко го рече дека бил на 11 километри. Ваквите плитки потреси се поопасни.

Земјотресите се релативно ретки во Северна Африка. Лахчен Мани, раководител на Одделот за сеизмички мониторинг и предупредување при Националниот институт за геофизика, изјави за ТВ 2М дека земјотресот бил најсилниот досега регистриран во планинскиот регион.

Во 1960 година, земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер го погоди мароканскиот град Агадир и предизвика илјадници смртни случаи.Земјотресот во Агадир поттикна промени во правилата за градба во Мароко, но многу згради, особено руралните домови, не се изградени за да издржат такви потреси.

Во 2004 година, земјотрес со јачина од 6,4 степени во близина на медитеранскиот крајбрежен град Ал Хосеима остави повеќе од 600 мртви.

Земјотресот во петокот беше почувствуван и во Португалија и Алжир. (Според агенциите)