Земјотрес од 7,1 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ).
Ројтерс пренесе извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри.