Земјотрес од 3,4 степени почувствуван во Скопје


Нешто по 14 часот во Скопје беше почувствуван земјотрес. Според интернет апликациите кои ги следат сеизмичките активности во светот, земјотресот бил од скопското сеизмичко подрачје, со јачина од 3,4 степени и на длабочина од два километри.

По овој земјорес во Скопје беше регистриран уште еден со послаб интензитет.