Зеленски во прва посета на Бугарија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Бугарија каде престојува во прва посета откако почна влада и е прв странски преставник што доажа откако Бугарија доби нова влада.
Бугарскиот премиер Николај Денков ја потврди веста за посетата на Зеленски во четвртокот, чии детали почнаа да се објавуваат претходно оваа недела.Денков притоа изјави дека отсега Бугарија нема да стои со „очи ширум затворени“ за мешањето на Русија во државата, јасно покажувајќи дека Софија има намера да расчисти со политиката на седење на два стола и да ги исчисти руските агенти од службите за разузнување.
Програмата на Зеленски вклучува потенцијално напорен состанок со бугарскиот претседател Румен Радев, кој е непријателски настроен кон вооружувањето на Киев.Посетата на Зеленски ќе се фокусира на дискусиите за оружјето за Украина и соработката за снабдување со нуклеарни централи.
Се очекува и бугарскиот парламент да усвои декларација за поддршка на Украина да се приклучи на воената алијанса на НАТО.
Од избувнувањето на војната, украинскиот претседател посети само 13 земји, а неговата посета во повеќето случаи беше поврзана со меѓународни форуми, а не само со билатерални односи. Меѓу претходно официјално најавените – што се случува исклучително ретко – е неговата посета на Литванија на 11-12 јули на годишниот самит на НАТО. Посетата денес ја прави Бугарија само седмата земја каде што Володимир Зеленски пристигнува специјално за билатерални средби. Останатите се САД, Полска, Велика Британија, Франција, Италија и Ватикан.