Зеленски најавува промени во армијата
Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во армијата се подготвуваат кадровски промени.
Веста ја објави на платформата Икс по состанокот со Павло Палис, неговиот заменик-шеф на кабинет.
„Павло и јас разговаравме и за одредени кадровски прашања во армијата. Ќе ги извршиме назначувањата заедно со министерот за одбрана на Украина и врховниот командант на вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението на претседателот.
На средбата, Зеленски и Палис разговараа за приоритетите во развојот на антибалистичката програма „Фреја“ и договорите со европските производители поврзани со неа.
„Напредуваме со програмата и се приближуваме кон создавање вистински ефикасен антибалистички систем“, напиша претседателот.