Зелен хуман град засади дрво на местото на исеченото што го криеше билбордот на Темелковски
Откако во јавноста се појави видео кое прикажува како сечат дрво затоа што не се гледал билбордот на кандидатот и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, од Зелен хуман град, денеска посадија ново дрво на истото место.

„Вчера, во јавност се појави видео како во Кисела Вода се сечат здрави и големи дрва, со цел поубаво да се гледал билборд на една од политичките партии. Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите! Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелено!“, порачаа од Зелен Хуман град.
Движењето Зелен хуман град ја поддржува Ана Петровска за градоначалник на Скопје, а Драгана Велковска за советничка листа на Зелен хуман град за Град Скопје.