Зелен Хуман Град: Добивме „зелено светло“ за транспорт на миленичињата во автобусите на ЈСП


Од неформалната иницијатива Зален Хуман Град, попладнево на фејсбук објавија како што тие велат „три убави вести“ поврзани со градот Скопје.

Првата вест се однесува на ЈП „Лајка“ за кое тие информираа дека се обезбедени субвенции од буџетот на Град Скопје, втората вест е поврзана со поставувањето на времените објекти, односно сите забелешки добиени од експертите се вклучени во стандардите за нивно поставување.

Третата и веројатно најинтересната вест за сопствениците на домашни миленичиња.

– По неформална дискусија со директорот на ЈСП, потврдено беше од негова страна дека иницијативата за транспорт на миленици во автобусите (во транспортер) ќе биде прифатена! Чекаме официјално тоа да биде соопштено од претпријатието, информираат од Зелен Хуман Град.