Зелен хуман град бара отворање противпожарна единица во Шуто Оризари
За отворање на противпожарна единица во Општина Шуто Оризари се залагаат од Зелен хуман град, затоа што многу често се случуваат пожари на територијата на оваа општина, а со оглед на оддалеченоста од градот, пожарникарите предоцна стигнуваат да интервенираат и пожарите може да завршат со фатални последици.
– Овиње грашани не се никако опфатени од актуелното раководство, а мора да им се посвети должно внимание, мора да им се обезбедат сите услови, еднакви рамноправни, ако сакаме Скопје рамноправно и праведно да се развива – рече Драгана Велковска од Зелен хуман град.
Таа посочи дека актуелното раководство не соработува со оваа општина, затоа што на почетокот на 2021 година, имаше нула одвоени денари од Буџетот на град Скопје за меѓуопштинска соработка со Општината Шуто Оризари.
Дополнително, таа вели дека граѓаните на Шуто Оризари воопшто не се информирани за загаденоста на воздухот, кои тие секојдневно го дишат, а за да се реши тој проблем, предложи субвенции за поставување фотоволтаични системи за индивидуачни домаќинства, со што би се решил енергетскиот проблем на општината и тие би станале енергетски независни.
Се побарале и средства за поставување локална мрежа од мерни станици кои би го мереле загадувањето на воздухот.