Здравствен дом „Железничар“ се приклучува во кампањата за поголема свест за машкото здравје
Здравствен дом „Железничар“ денеска ќе се приклучи во кампањата за поголема свест за машкото здравје.
Пред платото на установата, денеска ќе се допринесе во светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје – „Грижи се за себе“, со земање крв за ПСА (PSA), бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 години.
Како што посочуваат од установата, со нивно присуство, настанот ќе го поддржат и заменик министерот за здравство Јовица Андовски и директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов.