Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам


 По пет часа на завршниот збор за случајот „Монструм”, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

– Предлагам обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ да бидат прогласени за виновни за кривично дело тероризам од член 349б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот Фејзи Азири да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а обвинетиот Хаки Азири за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 2 во врска став 1 од Кривичниот законик, изјави Фетаи.

Што се однесува до кривичната санкција, според Фетаи, освен максимално предвидените казни за овие кривични дела и тоа доживотен затвор за Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, на Фејзи Азири со примена на одредбите може да му се изречев 15 години затвор.

При своето образложение за ова одлука таа посочи дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро, Скопско, обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, по претходен договор „заеднички извршиле пет дела на убиство на лица од македонска националност, со намера за загрозување на животот и телото и создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Република Македонија“.

– Обвинетиот Хаки Азири ги скрил и помогнал да не бидат откриени обвинетите Алил Демири и Африм Исмаилови, иако знаел дека сториле убиство, а обвинетиот Фејзи Азири на 26 април 2012 година ги сокрил обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, иако знаел дека сториле убиства на повеќе лица со кои било создадено чувство на несигурност и страв крај граѓаните на Република Македонија – тероризам на начин што обвинетите Алил Демири Адрим Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ искористувајќи го патничкото моторно возило „Опел Омега“, со регистарски број што му припаѓал на друго возило, околу 19 часот пристигнале кај Езерото, рече Фетаи во завршниот збор, додавајќи дека откако обвинетите ги лоцирале лицата кои ловеле риба на Езерото, во време помеѓу 19:40 и 19:50 часот, со употреба на огнено оружје со пиштолска муниција со калибар од 9 милиметри и огнено оружје со миниција со калибар 7,62 милиметри од непосредна близина ги лишиле од живот лицата Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Слафковски, кои се наоѓале на земјениот пат кај втората плажа од езерото.

Обвинителката Фетаи во својот завршен збор наведе дека обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ со возилото „Опел Омега“ побегнале од местото на настанот и се упатиле кон претходно договореното место на автопатот во близина на обиколницата на Качанички Пат, каде со сопствено возило „Мазда 626“ ги чекал обвинетиот Хаки Азири, кој до тогаш единствено знаел дека обвинетите Алил, Африм и Агим отишле да извршат некоја работа поради нерасчистени сметки со некого, но не знаел какава.

– Обвинетиот Хаки постапувајќи по напатствија од обвинетиот Африм околу 18:30 часот со неговото возило го однел обвинетиот Агим Исмаиловиќ во Топанско Поле, во близина на последна 9-ка, каде било паркирано патничко моторно возило „Опел Омега“ во кое влегол обвинетиот Агим Исмаиловиќ и го ставил во движење, по што обвинетиот Хаки отишол да ги чека на автопатот во близина на обиколницата на Качанички пат. Околу 20 часот на договореното место со „Опел Омега“ пристигнале обвинетите Агим и Африм и се качиле во возилото на Хаким, а при влегување во возилото на прашање „Што бидна“, обвинетиот Африм му со обратил со зборовоите „направивме гомнарија, убивме човек“, па иако во тој момент дознал дека Африм и Агим сториле кривилно дело убиство, сепак ги превезол до неговиот дом, каде истите излегле од неговото возило и заминале, изјави Фетаи.

Од моментот на дознавање за убиството до нивното заминување, обвинителката рече дека обвиниетитот Хаки Азири и ги криел и ги одалечил од местото на настанот и им помогнал да не бидат откриени. Додека обвинетиот Фејзи Азири иако знаел дека обвинетите сториле убиства на повеќе лица, организирал бегство на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од земјава во Косово, со тоа што со патничко возило ги однел до месотото викано Кодра Фура во непосредна близина на македонско-косовската граница, каде биле преземени од две блиски лица на обвинетиот Фејзи, кои на нелегален премин ги пренеле во Косово, со што ги скриле обвинетите од органите на прогон.

– Со овие дејствија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ сториле кривично дело тероризам од член 394. Обвинетиот Хаки Азири сторил две кривични дела – помагање на сторител во извршено кривично дело од член 365, а обвинетиот Фејзи Азири сторил две кривични дела – помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365, изјави Фетаи.

По завршување на ова рочиште одбраната не коментираше ниту еден дел од завршните зборови на Обвинителството, со став дека тоа што има да го кажат ќе го изјават на 3 февруари, кога и се закажани завршните зборови на адвокатите и обвинетите.