Заврши 33. Поетска ноќ во Велестово

Заврши 33-то издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.
Првата вечер се одржа на 20 август. Настанот беше отворен со мал музички концерт на Мартин Милески, а манифестацијата беше посветена на поезијата на Ристо Лазаров, за чие творештво беседеше Димитар Пандев, додека стиховите ги читаше Ивица Цонев. Беше отворена изложбата „Татко и син Упевче (цркви и мозаици)“, а специјални гости на настанот беа учесниците на Mеѓународниот семинар за македонски јазик, литeратура и култура.
Втората вечер, на 21 август, се одржа интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид, на кое учествуваа Сигурбјорг Трастардотир и Кристин Омарсдотир од Исланд преку видеопроекција, а настапија Надија Реброња од Србија и македонскиот поет Андреј Ал-Асади.
Третата вечер наречена „Поезија ‒ Залез“ се одржа на 22 август, а заради ковид-протоколите наместо на кајчиња во Охридското Езеро се одржа во месноста „на Каменон“ во Велестово. Учествуваа Д. А. Лори, Ивана Јовановска, Андреј Ал-Асади, Сашо Огненовски и Надија Реброња од Србија.
Настаните, како што информира организаторот, беа добро посетени и покрај најновите протоколи за организирање настани во услови на пандемија, донесени неодамна од страна на Владата