Завиткани палмите крај Вардар

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве превентивно ги заштитија крошните на палмите на кејот на Вардар поради најавата на пониски температури, објавено е на нивниот Фејсбук профил.
Инаку палмите беа поставени на градскиот кеј од 2015 година, но голем дел од нив не ги преживеаја условите кои ги наметнува нашето поднебје.
Во Скопје беа засадени околу 130 палми, а преживеаја само овие крај Вардар. Низ цела македонија, во истииот период беа засадени 1.100 палми.