Затворот во Шутка со часови без струја


Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е прекинато снабдувањето со електрична енергија. До редакцијата на „Инфомакс“, пристигна информацијаа дека попладнево од 17:00 часот, „Шутка“ е без струја.
Според неофицијални информации, агрегратите за струја не работат, а граѓаните прашуваат дали на овој начин државата штеди електрична енергија со исклучување на струја во институции како што е затворот „Шутка“.

Од ЕВН за „Инфомакс“ одговорија дека информацијата е точна, затворот „Скопје“ од 17:00 часот е без електрична енергија, ситуацијата е пријавена, а екипи работат на терен.

Причината за прекинувањето на електричната енергија е далновод.