Затворен Парламентот во Данска поради заразени пратеници
Данска – Данскиот Парламент денеска го прекина усвојувањето на одредени закони и сите состаноци во Собранието, бидејќи неколку пратеници биле позитивни на коронавирусот, додека шестмина министри морале да се изолираат додека ги чекаат резултатите од тестот.
Петмина пратеници изјавија дека се позитивни на вирусот, а шест министри мораа да се изолираат откако беа во контакт со заразените, вклучувајќи го и министерот за правда Ник Хекеруп, јави агенцијата Рицау.
Данската премиерка Мета Фредериксен изјави дека разговарала со Хекеруп во петокот, поради што ја одложи расправата закажана за денеска во Парламентот.