Затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница заради пожар

Поради пожар на стрништа затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница. Стотина патници кои попладнево од Грција влегуваат во Македонија се вратени назад и упатени на преминот Богородица.
,,Ни беше речено дека поради пожар не работи во моментов границата и ќе мора да причекаме. Голем број на автомобили чека да влезе во државата. Застанавме кај бензинската пумпа пред границата”, велат патници.
Се очекува попладнево да биде пуштен граничниот премин.