Засадени сто дрвца во Кисела Вода во организација на Ротаракт клуб Скопје


Во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“ денеска беа засадени сто шестгодишни дрвја, во организација на Ротаракт клуб Скопје и со поддршка од Општина Кисела Вода.

– Празната површина, лоцирана покрај трим-патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт клуб Скопје е збогатена со три видови дрвја – платани, јавори и јасени, соопшти Општина Кисела Вода за активностите за садење во кои учествуваа членови на Клубот, градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, и дел од општинските работници.

Општината соопшти дека и во иднина ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите општествено одговорни правни субјекти, компании и невладини организации, кои се грижат за животната средина.