Заробен возач во заглавен камион, јавил на 112 очевидец на патот Росоман и Прилеп


На бројот 112 на Центарот за управување со кризи вечерва било пријавено дека на патот Росоман – Прилеп бил заробен возач во заглавен камион.

Како што соопштија од ЦУК, преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.

Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него како очевидец возачот на камионот е заробен во возилото.

Инаку, јавувачот бил известен дека ТППЕ Кавадарци имаат еипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упати на местото.

Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со едно противпожарно возило и двајца пожарникари веќе се упатени на местото  на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата дополнително ќе известат, се вели во информацијата на ЦУК.

Според последните информации, возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направени на камионот, по извлекувањето од местото каде што бил.

Од ЦУК јавија дека заглавениот камионна патот кај Росоман кон Прилеп, кај местото Камен дол, близу ресторанот „Јавор“ било извлечено од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила.

Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала.