Запленета дрога од 800.000 евра и приведен висок полициски службеник
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на неговиот Фејсбук профил дека во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра и е приведен висок полициски службеник. Неофицијално станува збор за К.С., началник на полицијата во Општина Прилеп.
-Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ.