Запалени два автомобила во Кочани


 

Вчера попладне во Кочани, на ул.„Стамен Манов“, биле опожарени два автомобила „бе-ем-ве“ со кочански регистарски ознаки.

Притоа, делумно било оштетено и возило “мерцедес“.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.