Замокот Виндзор обоен во сино-сеќавање за жртвите од коронавирус

Англија- Замокот Виндзор, резиденцијата на кралицата Елизабета Втора, синоќа светна во сино во чест на 72-годишнина од Националната здравствена служба.

„Се здружуваме во еден момент на сеќавање и размислување за оние кои ги загубија животите за време на пандемијата и им оддаваме почит на здравствените работници и волонтери кои работат за и во поддршка на NHS“, се вели во објавата на кралското семејство на Инстаграм.

Во март, Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) се преселија од Бакингемската палата во замокот Виндзор за да се заштитат од пандемијата на коронавирус.