Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива


Фото Б. Грданоски

Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини.

– Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира, информираа од јавното претпријатие.

Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“.