Зак Ефрон вели дека е „среќен и здрав“ по инцидентoт во базенот на Ибица


Зак Ефрон сподели порака на својата приказна на Инстаграм во неделата, откако се појави веста дека бил хоспитализиран поради инцидент со пливање вна Ибица, во Шпанија неколку дена претходно.

„Среќен и здрав“, напиша Ефрон. „Благодарам за добрите желби“.

Актерот имал „мал инцидент со пливање“ во петокот вечерта додека користел базен во вила на Ибица, потврдил за People претставник на Ефрон.

Ефрон како мерка на претпазливост бил пренесен во болница и бил пуштен во саботата наутро. „Тој е добро“, изјави претставникот за People.

Претставниците на Ефрон не одговорија на барањето на Variety за коментар. ТМЗ беше првиот што ја пријави хоспитализацијата на Ефрон.

За време на одморот во Шпанија, ѕвездата од „“The Iron Claw“,  присуствуваше на концертот на диџејот Мартин Гарикс во хотелот и плажата Ушуаиа на Ибица. На социјалните мрежи беа споделени видеа од Ефрон како му се придружува на Гарикс на сцената и ја возбудува толпата.

Ефрон глуми во  филмовите на  на Нетфликс “A Family Affair,” “Ricky Stanicky,” “The Greatest Beer Run Ever” и  “The Iron Claw.”

Тој треба да глуми во друга продукција на А24, насловена “Famous”, од режисерот Џоди Хил. Врз основа на истоимениот роман од 2010 година на Блејк Крауч, Ефрон ќе има две улоги во филмот: суперфанот на киното Ленс Данкквист и холивудската суперѕвезда Џејмс Јансен.

Според официјалниот налог, филмот го следи Ленс кој, иако губитник во секојдневието, „има лице на филмска ѕвезда. Не било која филмска ѕвезда – Ленс 228 пати е помешан со холивудската ѕвезда Џејмс Јансен. И сега Ленс е на пат да оди во Лос Анџелес за да го оствари својот сон. Без разлика што е потребно“. (Варајати)