Загрижувачки фотографии: Во Белорусија никнува огромен воен камп за платениците на „Вагнер“?


Во Белорусија се гради воен камп за платеници Вагнер, составен од шатори, а капацитетот на кампот е околу 15.000.

Независниот руски медиум Сирена објави фотографии од изградбата на воен камп во Белорусија, каде наводно ќе бидат сместени војници на платеничката група Вагнер.

Новинарите покажаа како изгледа изградбата на наводен воен камп кај Осипович во регионот Магилев. Фотографиите наводно ги направил локален жител, а на сликите се гледаат шатори, шпорети и подови. Според новинарите, во еден таков шатор можат да престојуваат до 60 луѓе.

Претходно медиумот „Верстка“ објави за изградба на камп за платеници во Могилев. Сателитски снимки објави белоруската редакција Радио Либерти, а според нивните податоци во кампот има 303 шатори. Тие наведуваат дека вкупниот капацитет на воениот камп е 15 илјади луѓе.

Покрај тоа, водачот на платеници Евгениј Пригожин во понеделникот се огласи на  Телеграм и ја повика руската јавност да ги поддржи Вагнеровците додека тие регрутираат војници за војната во Украина.