Загина возач на патот Ресен – село Царев двор
Во средата, во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-село Царев Двор, после клучката за село Горно Дупени, патничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот.
На местото на незгодата починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.