Загина човек од удар од воз кај бул „Србија“


Фото: Б. Грданоски

На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.

Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.