Загина 18-годишен скопјанец на патот Берово-Делчево
Во саботата, во 18.43 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано „Градски преод Делчево“ патничко моторно возило “пежо 306“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(18) од Скопје излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој на пат кон Медицинскиот центар Штип починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.