Заев за марихуаната: Александар можел да се дружи со кого сака, законот важи за сите
Премиерот Зоран Заев ја коментираше и акцијата во која беше запленета дрога од 800 илјади евра на Плетвар. Одредени шпекулации велеа дека семјеството Заеви е вмешано во оваа акција.
„За акцијата имаше информации дека бил вмешан мојот прв братучед Трајче Заев. Лицето Александар, не му го паметам презимето, се покажа дека не е вработен во семејните фирми на Заеви. Немам ништо ни што да додадам. Законот важи за сите. Александар можел да дружи со мојот прв братучед колку сака, ама законот важи за сите. Кој колку сака да биде близок, нека се слика со кого сака, но ако го прекршил законот, ќе одговара. Следуваат судски процеси, и согласно нив ќе се изрекуваат казни“, рече Заев.
За турнејата со мотоциклите по снименото видео во Пештани рече дека за викенди не работи.
„Викенд не работам уште кога ме избраа за премиер. Недела е ден за семејството, така се одморам, со возење на мотор. Недела секој човек заслужува да одмори. Сите мерки ги почитувавме, не се движевме за полициски час. Направив убава турнеја, јас не се кријам од тоа“, рече премиерот.