Заев вели дека ќе има двојно повеќе зеленило од законски предвиденото кај „Холидеј ин“


Премиерот Зоран Заев денеска коментираше и за евентуалното градење на висококатниците во центарот на Скопје, односно на паркингот пред „Холидеј Ин“.

„Секоја реакција од граѓаните е вредна за размислување, но, почитување на законот е пред се. Ако одобрение за градба добила наша фирма која ги исполнува нашите услови, а тоа е да биде согласно Законот за урбанистичко паркирање, тогаш не треба да има проблем. Знаете дека, според законот, треба да има најмалку 20 отсто зелен простор, а според она што сум информиран таму има двојно. Треба да се види одобрението за градба и законот за градба. Дали е согласно Законот за урбанистичко планирање? Ако е нарушен законот, треба да се укине одобрението. Ако се исполнети законските обврски, треба да го искористи уставното право да добие одобрување за градба. За мегаломанството во градење ние вградивме одредби во законот кои не го овозможуваат тоа.Едноставно сите процедури и закони мора да бидат испочитувани“, рече Заев.