Заев утре во Тирана ќе присуствува на средбата на Меркел со лидерите од Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев утре на покана на германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја предводи владината делегација во Тирана.
 

Според агендата, Заев ќе присуствува на работната средба на канцеларката Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, а во текот на попладнето заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамки на еднодневната работна посета, планирано е премиерот Заев да го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.