Заев се сретна со Црвенковски
Премиерот Зоран Заев, денеска, му беше домаќин на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој на оваа средбата се појави во својство на член на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
Како што информираат од владината прес-служба, Црвенковски го информирал Заев за иницијативата Подгоричкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни годинава.
И премиерот Зоран Заев објави дека се сретнал со поранешниот претседател Бранко Црвенковски, каде бил информиран за конференцијата во организација на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
-Со задоволство ја прифатив поканата да ја поддржам регионалната конференцијата „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ што ќе се одржи во Скопје во организација на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
Му благодарам на поранешниот Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој во име на Подгоричкиот клуб ме информираше за настанот, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.