Заев: Пораката од Борисов е добрососедство, тој докажал големо пријателство
Она што го порачува бугарскиот премиер Бојко Борисов и тоа како е добрососедство заради тоа што тој докажал големо пријателство кон Република Северна Македонија во многу исклучително важни моменти, одговори премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање дали е добрососедство тоа што го изјави Борисов.
– Тие се едни од авангардата на борбата за нашето добивање одлука за датум за почеток на преговорите. Верувам дека испраќањето на зборовите може да не направи сите повинимателни и попосветени, изјави Заев.
Потенцира дека не треба да се заборави оти имаме изградено договор за пријателство и низ тоа пријателство, подвлече, прифативме дека дел од нашата историја е заедничка, земавме обврска дека ќе се посветиме кон иднината, а ќе ги затвориме отворените прашања кои останале зад нас.
– Убеден сум дека ќе најдеме решение на ова отворено прашање кое во моментот е присутно во јавноста, рече премиерот Заев.