Заев останува на ветувањето за 34.000 денари просечна плата до крајот на мандатот

Пласирањето шпекулации за состојбите во банкарската и монетарната сфера нанесува огромни штети по економијата и ја отежнуваат работата на монатарната власт

Премиерот Зоран Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување за просечна и за минимална плата.

На денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена, Заев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата.

– Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.00 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.