Заев од Охрид повика на обединување околу политиките што гарантираат напредок и економски раст


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес беше во Охрид каде што повика на обединување околу политиките што гарантираат напредок и економски раст.

„Се наоѓаме на неколку денови пред вториот круг од Охрид од Балканскиот Ерусалим ја праќаме пораката дека развојот на овој убав македонски град мора да продолжи. А тој ќе продолжи само ако сите се обединиме околу политиките што гарантираат напредок, економски раст, но истовремено и заштита на ова преубаво светско природно и културно наследство“, рече Заев.

Тој нагласи дека исходот од овие избори го одредуваат правецот по кој ќе се движи општина Охрид и неговите граѓани.

„Дали тоа ќе биде редот, правдата и вложувањето во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и Езерото и трошењето на парите во криминални тендери“, рече Заев.

Тој додаде дека грижата за заштитата на Охридското езеро ја покажале и преку зачувување на статусот на УНЕСКО, но и преку преземање на Колекторскиот систем во кој вложивме над четири милиони евра.

„Сето ова ја потврдува нашата намера да вложуваме во граѓаните, во општините, во сето она шт е важно за да се подобри квалитетот на живот во секое населно место“, рече Заев.