Заев: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети


Не e точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и со Никола Груевски за Кривичниот законик, вели вечерва за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев по изјавата на неговиот екс коалициски партнер Ахмети дека на тајни средби се договарале контроверзните измени  со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.

-Нее  точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина – вели Заев.

Ахмети во интервју за ТВ 21 кажа дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.