Заев најави силен економски развој на општините
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.
„Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат“, рече Заев.
Тој додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба и општината планирано ќе нуди субвенции за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси кои ќе отвори нови работни места.
Како никогаш порано се инвестирала во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и така ќе продолжат и во следните години, нагласи Заев.