Заев: Може сум пристрасен, но според мене софтверот бил набавен законски


Премиерот Зоран Заев смета дека постапката а јавната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, спроведена од Драги Рашковски е во согласност со Законот за Влада и со владиниот деловник.

-Според мене сѐ е законски, но главниот збор сепак го има судот, и нема да дискутирам. Можеби сум пристрасен, затоа се тука институциите. Но, секако мора да се почитува презумцијата на невиност“, рече премиерот Заев како коментар на новинарско прашање за приведувањето на Рашковски.Заев додаде дека со тоа уште еднаш се потврдува дека во земјава повеќе нема недоприливи лица.

„Нема недопирливи пред законот, тој беше генерален секретар на Владата, но институциите си ја вршат работата. Сепак, мора да ја почитуваме презумцијата на невиност, никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Мухамед Зекири како сегашен генерален секретар ги достави сите документи во однос на оваа постапка.  Важно е дека никој однапред не може да се нарече виновен. Софтверот беше тестиран, а треба да си признаеме дека имаме 164 жртви од сообраќајни несреќи, имаме инвалиди, а државата има загуби. Немаме софтвер на Рашковски, туку софтвер кој не е изработен од Рашковски и сметам дека постапката е законска“, рече Заев.