Заев до Каракачанов: Доста беше омраза
Премиерот Зоран Заев конечно се најде испровоциран од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој со навреди и омаловажувања кон Македонија прави рејтинг во Бугарија. На својот ФБ профил тој го повика Каракачанов да престане со говорот на омраза.
„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.
Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.
Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Доста беше омраза!“, напиша Заев.
Претходно Максим Димитроевски од СДСМ го повика премиерот на Бугарија Бојко Борисов да се огради и извини за шовинистичкиот однос на министерот Каракачанов.