Заев: Дебатата за повратокот на ДДВ ја отвораат мрчаторите


Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово соопшти дека токму тој ќе го замени досегашниот министер за финансии Драган Тевдовски, а од позиција на иден нов министер за финансии нејави дека летово нема да има ребаланс и како приоритет го спомена проектот за повраток на ДДВ.

„Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ДДВ и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебатата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари“, одговори Заев на новинарско прашање.