За ВМРО-ДПМНЕ оставката на Филипче не е доволна
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ оставката на министерот за здравство Венко Филипче не е доволна, од таму порачуваат дека е потребна оставка и од премиерот Зоран Заев, бидејќи според нив само така ќе се гарантира независна истрага.
„Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот. Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага“, соопштија од партијата.