За ВМРО-ДПМНЕ новиот скандал во земјоделството е крај на неказнивоста, за СДСМ е доказ за криминалните шеми
Апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, предизвика различни реакции во политичкиот спектар. Анакиев, кој е потпретседател на Социјалистичката партија, беше уапсен како прима мито од 50.000 евра.
За СДСМ овој нов скандал не е изнедување затоа што се работело за најкорумпираната влада во регионот и во Европа. „Ова е доказ зoшто за земјоделците нема пари, зашто нема субвенции, зашто нема исплата и зашто не може ни да очекуваат ништо од вака конципирани институции во земјоделието. Власта не може да се пофали со тоа. Повеќе наликува дека на некому му дошло преку глава, пријавил па морале да постапат“, рече на денешната прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
За ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ за борба против корупцијата. Владејачката партија ја поздрави акцијата на МВР и „ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите.
Во исто време, ја повикуваме јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите“, велат од партијата.