За вакцинација пријавени над 50 илјади лица


Можно е од сите вакцини што се развиваат ниедна да не профункционира

До денеска, вкупно пријавени за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk се 50.200 лица, сооптшија од Министерството за здравство за ТВ21.

Утре вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

Министерот Венко Филипче нема да се вакцинира утре туку ќе им даде предност на своите колеги, здравствените работници кои се директно изложени на ризик од зараза односно оние кои работат со заболените лица.