За сите граѓани во Тетово повик за бесплатни ехо прегледи за откривање на рак


 Наредната недела во просториите на Здружението на пензионери сите граѓани ќе имаат можност за бесплатни прегледи со ехо апарат со цел рано откривање на рак. Оваа активност е соработка на Здружение на пензионери во Тетово и Општинската организација на Црвен крст Тетово.

-Активноста се организира по повод Неделата за борба протв рак од 1 до 8 март. Прегледите ќе се вршат во просториите на Здружението на пензионери во Тетово, вторник 14 март, четвртпк 16 март и сабота 18 март, од 9 до 14 часот.  Право на преглед имаат сите лица без разлика дали имаат или немаат здравствено или пензиско осигурување, информираше Шкљќим Мурати, секретар во Црвен крст Тетово.

Прегледите ќе ги врши д-р Павле Спасеновски.