За пушачите, но и за сите останати: Овошје кое помага за хронично заболување на белите дробови

Дури и пушачите кои редовно јаделе јаболка и круши станале поотпорни на хроничен бронхитис. И некои други растителни супстанции кои особено се наоѓаат во јаболката и крушите се од голема важност.

Овошјето и зеленчукот, како што е веќе добро познато, се многу здрави и го штитат организмот од многу болести. Но, јаболката и крушата имаат предност и кај хроничните белодробни заболувања кога се споредуваат со другите видови овошје, заклучија истражувачи од Националниот институт за здравство во Билтовен во Холандија.

Тие претпоставуваат дека секундарните растителни супстанции содржани во овие плодови, катехини, може да бидат одговорни за тоа. Точно 14.000 луѓе кои биле набљудувани од тимот експерти и кои јаделе јаболка, страдале помалку од голема кашлица и оштетување на дишните патишта од другите.

Самите катехини, кои, на пример, се наоѓаат и во чајот и ги штитат срцето и крвните садови од болести, го немаат тој позитивен ефект врз белодробните заболувања.