За да наполнат резервоар, Македонците треба да работат 20 часа, Словенците само осум, во Германија уште помалку


За полн резервоар гориво во Македонија треба да се работи околу 20 часа, или два ипол работни денови, слично колку и во Србија, додека во Словенија возачите можат да ги наполнат своите автомобили по само еден ден работа или нешто помалку од 8 часа. На Германците им треба уште помалку, или околу 6 часа работа, покажува пресметката на „Блиц Бизнис“ земајќи ги предвид тековните просечни плати и цените на горивата во регионот и Европа.

И покрај значителните варијации на пазарот на нафта, но исто така и на турбуленциите што ги донесе пандемијата со корона вирусот на пазарот на трудот, бројките покажуваат дека немало значителни промени кога станува збор за количината на работа потребна за полнење гориво „до врвот“, барем кога станува збор за земјите од регионот, пишува „Блиц“.

Во споредбата е земен резервоар од 50 литри бензин, колку што е просечниот капацитет на резервоарите во автомобилите. Поред оваа пресметка, за да го наполнат со гориво, граѓаните на Србија треба да платат 57,8 евра, а оние што возат „дизел“ треба да платат нешто повеќе од 61 евро. Со просечна плата од 512 евра и стандардно осумчасовно работно време, тие заработуваат 2,9 евра на час, што значи дека им требаат речиси 20 часа работа за полн резервоар, односно два и пол работни дена. Доколку користат дизел, ќе им треба еден час повеќе.

Граѓаните на Црна Гора и Северна Македонија мора да поминат слично време на работа ако сакаат да ги наполнат своите резервоари. Бидејќи просечната плата во Црна Гора е 525 евра, а потребни се 57 евра за 50 литри бензин, тоа значи дека Црногорците треба да работат 19 часа. Македонците имаат плата од 454 евра, па поминуваат околу еден час повеќе на работа за полн резервоар што ги чини 51 евро, се вели во текстот.

Возачите во Босна и Херцеговина треба да работат малку пократко, бидејќи просечната плата во оваа соседна земја е малку пониска отколку во Србија – 491 евро, но и бензинот е поевтин, па за полн резервоар се потребни околу 45 евра. Ова значи дека за 50 литри гориво, во БиХ работат нешто повеќе од 16 часа.

Горивото во Хрватска е најскапо меѓу земјите од поранешна Југославија, па во оваа земја потребни се 62 евра за полнење гориво „до врвот“. Сепак, со просечна плата од околу 890 евра, или саатница од 5 евра, хрватските возачи можат да ги наполнат своите автомобили за 12 часа работа, односно за еден и пол работни дена.

Во оваа пресметка најдобро поминаа граѓаните на Словенија, кои имаат највисоки просечни плати – околу 1.200 евра, па за полн резервоар што ги чини 51,6 евра, на работа треба да поминат околу 7,7 часа, односно помалку од една работа ден.

Возачите се во многу подобра позиција во Германија, каде просечната цена на горивото е 1,37 евра, а просечната плата е околу 2.000 евра. Математиката е јасна – тие треба да платат 69 евра за полн резервоар, што значи дека треба да работат само околу 6 часа.

Најевтино е горивото во БиХ

Цените на горивата во Србија се зголемија во последниот месец за околу 6 динари за литар, така што на српските бензински пумпи деновиве може да се купи бензин за 140 до 142 динари за литар, а дизелот за 148 до 150 динари. По новогодишните и божиќните празници, во средината на јануари, бензинот чинеше околу 135 динари, а литар дизел околу 141 динар.

Најевтино гориво во регионот е во Босна и Херцеговина, каде литар бензин чини 0,89 евра, а дизелот 0,88 евра, исто колку и дизелот во Северна Македонија. Безоловниот бензин е нешто поскап и чини 1,02 евра.

Во Хрватска горивото е во мал пораст, па литар бензин се искачи на 1,24 евра, а дизелот на 1,20 евра, додека во Словенија бензинот чини 1,03 евра, а дизелот 1,09.

Бензинот во Црна Гора чини 1,13 евра за литар, додека дизелот е околу едно евро (1,020), шишува „Блиц“.