Вујовиќ пред дуелот со Пик Сегед: Со храбра игра да ја прекинеме серијата порази
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ посакува неговиот тим на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед, да ја прекине серијата порази во Лигата на шампионите.
– Продолжува Лигата на шампионите. Здравствениот билтен во тимот е добар. Играме против Пик Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Прво се среќаваме во Сегед, па по седум дена во Скопје. Ова му доаѓа како некој бараж. Вардар е подготвен. Мора да ја прекинеме серијата порази, атоа може да го направиме ако играме храбро. По традиција на гостувањата кај Пик Сегед играме добро. Се надевм дека ќе биде така и овој пат.
Првиот натпревар „црвено-црните“ го играат во Унгарија во четврток, а вториот се игра во Скопје на 25 ноември.
По шест кола во А-групата од елитното ракометно натпреварување, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е на 4. позиција со осум освоени бода.