Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да има граѓанска војна во Србија и нагласи дека никој не е посилен од државата, без разлика каква поддршка има однадвор.

„Се надевам дека ќе успееме да ги избегнеме сите проблеми што некој ги создава обидувајќи се да ја освои власта со сила и дека ќе успееме да продолжиме да растеме, но луѓето мора да знаат едно. Никој не е посилен од државата, без разлика каква поддршка има однадвор и без разлика што прави“, нагласи Вучиќ за време на гостувањето на РТС.

Тој изјави дека владата ќе се обиде да се однесува како вистинска и искрена демократија, за разлика од, како што изјави, многумина што ѝ проповедаат однадвор и кои „го убиваат богот“ во секој демонстрант.